5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Од 1 јули сексот без согласност е кривично дело во Грција

Грција го заостри кривичниот закон, така што силувањето го дефинира како секаков сексуален чин без согласност, откако беше критикувана дека досегашната дефиниција била попустлива кон извршителите на тоа дело.

Промените, кои во последен момент се одобрени во Собранието, ги објавиле активистите кои велат дека на овој начин на жртвата ѝ се намалува товарот за докажување. Досегашната дефиниција за силување била присилен сексуален чин по насилство или закана за сериозна или директна опасност, а казната за извршителот била најмалку пет години затвор.

Промената е дел од пошироките реформи во кривичниот закон, која ги намали казните за некои кривични дела, но обезбедува осудените криминалци да бидат упатени во затвор. Според законот, кој стапува на сила на 1 јули, осудените за силување ќе издржуваат од пет до десет години затвор.

Правната група „Амнести интернешнал“ ја поздрави новата дефиниција како историска победа на жените во Грција.

Спонзорирано: