11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Голема експлозија во Шведска, има повредени

Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска, денес одекна експлозија во која, според првите информации, се повредени повеќе лица.

Портпаролката на болницата во Линкопинг изјави дека не знае го точниот број на повредени, но дека повеќе луѓе биле транспортирани во болница

Се тврди дека на самото место има 20 амбулантни возила и дека наскоро ќе пристигнат и единиците за детонации.

„Бев во тоалетот кога забележав дека целата куќа се тресе, изгледаше како грмење”, рече Понтус Јохансон, која живее во соседниот блок.

Шведското радио објави дека голема експлозија ги уништила прозорците и балконите на петкатна зграда и оштетила неколку други згради.

Спонзорирано: