23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Добра вест: Од септември скок на платите во јавниот сектор

Ќе бидат покачени платите за 5 проценти од септември за цел јавен сектор најави министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, во вечерашното гостување на Македонската телевизија.

Премиерот Зоран Заев пак направи паралела со платите на граѓаните вработени со средно школо во приватен и државен сектор, потенцирајќи дека платите во приватниот сектор полека стануваат далеку повисоки од оние во државните јасли.

– Во јавната администрација плата со средно е 14 илјади денари, а во текстилот е 19 илјади денари рече Заев. Еве го Џонсон Контролс со средно школо даваат плата 22 илјади, а во јавна администрација 14-16 илјади денари, рече премиерот Зоран Заев.

За мене во јавна администрација апла се бара за да одам на работа а да не работам, тоа не може вака, мораме да се средиме, рече премиерот Зоран Заев, додавајќи дека државава влегува во ЕУ.

Спонзорирано: