5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Над 1000 родители одат на суд бидејќи не ги вакцинираат децата – најмногу во Скопје

Судски постапки им се закануваат на околу 1100 родители во државата поради невакцинирање на децата. Најмногу антиваксери има во Скопје, дури 593 потпишале изјави дека не се согласуваат со задолжителната имунизација, јавува Сител.

Од Државниот санитарен инспекторат ќе им дадат рок од 7 дена да платат половина од казната или ќе заработат прекршочни пријави. Речиси сите изјави се однесуваат за ученици а податоците биле добиени од теренската вакцинација во училиштата.

-Ова се пријави кои ги имаме добиено досега. Сега постапката предвидува да ги повикаме на порамнување, ако не ќе следува пријава, вели Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

Од инспекторатот велат дека бројката не е конечна бидејќи еднаш неделно добиваат извештаи од центрите за имунизација. Изјава дека не сакаат да примат вакцина досега не потпишал ниту еден здравствен работник, за кои во моментот е масовна вакцинација.

-Нема здравствен работник кој одбил вакцина, вели Бухова.

И додека инспекторите имаат работа со противниците на вакцините, морбилите го загрозија животот на уште една трудница која во 8 миот месец од бременоста го изгубила бебето. сипаници. Ја породиле со мртов плод на Гинекологија а сега е хоспитализирана на Инфективна каде на одделот за Интензивна нега продолжува лекувањето на 16 годишната девојка со церебрална парализа и жената со дијабет кои завршија на апарати за дишење поради компликации од морбили.

Спонзорирано: