21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведската влада има намера да ги забрани сите верски училишта освен еврејските

Шведската влада има намера да го спречи идното формирање приватни верски училишта,во обид да укаже дека е секуларна држава, пренесува „Спутник“.

Како резултат на консензусот помеѓу владејачката црвено-зелена коалиција од левицата и нејзините помлади партии за поддршка, Центарот и либералите, во тек е истрага за конфесионалните елементи во образовниот систем.

Задачата на специјалниот иследник Ларс Арениус е да поднесе предлози за целосна забрана за основање нови основни и средни училишта со верска позадина.

„Во последниве години, видовме примери на училишта кои, во име на религијата, ги одделуваат девојките и момчињата, едвај учат за сексот или соживотот и ја изедначуваат еволуцијата со митовите од религискиот креационизам. Ова е сосема неприфатливо. Сега владата ги презема првите чекори кон запирање на нови верски училишта “, рече министерката за образование од редовите на социјалдемократите, Ана Екстром.

Според неа, можноста за отворање нови училишта со конфесионална ориентација на крај може целосно да се укине. Постоечките верски училишта ќе останат, но можеби ќе треба да ги ревидираат своите прописи.

„Во шведското училиште, секој ученик мора да биде слободен да ја обликува сопствената перцепција и иднина. Ниту едно дете не треба да биде принудено да учествува во конфесионални елементи или да нема можност за настава за, на пример, еволутивната доктрина или сексот или соживотот. Станува збор за заштита на самите основи на училиштето, за главниот акцент да биде ставен на знаењето и образованието, а не на религиското образование “, објасни Екстром која осочи дека верските училишта се лоши за општеството и дека нивното запирање е прашање на интеграција.

Сепак, може да има еден значаен исклучок. Еврејските училишта треба да бидат изземени од забраната, а министерот Ардалан Шекараби увери дека ги следи критиките од Централниот совет на Евреите.

„Постојат посебни правила за малцинствата што ги имаме во Шведска. Еврејското малцинство е заштитено во тоа законодавство и тоа значи дека тие ќе можат да ја задржат својата структура со специјална обука”, рече Шекабира за „Афтонбладет“.

Колумнистот Ивар Арпи истакна дека речиси сите аргументи што се покренати против конфесионалните училишта се однесуваат на муслиманските училишта, а не на христијанските или на еврејските.

„Ако сите знаат кои училишта ја спречуваат интеграцијата на имигрантите, зошто директно не го кажат тоа? А малку искреност? “, пишува во својата колумна Арпи.

Извештајот за училиштето мора да биде завршен најдоцна до 19 декември 2019 година.

Во моментов, во Шведска има околу 70 училишта кои имаат барем некои верски елементи, повеќето од нив се христијански или муслимански.

Во 2017 година, истражувачкиот центар „Пју“ открил дека 59,9 отсто од Швеѓаните се идентификуваат како христијани, од кои 48,7 отсто припаѓаат на Шведската црква, а поголемиот дел од останатите се христијани неповрзани со некоја црква.

Бројот на муслимани е проценет на повеќе од 8 отсто од шведската популација од 10 милиони. Од друга страна, еврејската дијаспора брои само 20.000 лица. Од нив, околу 7.000 се членови на еврејската верска заедница.

Спонзорирано: