9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Николовски: Ставаме ред во електронското наддавање на земјоделско земјиште

Со новите законски измени ставаме ред во електронското наддавање, веќе нема да може да се лицитира со нереални цени и потоа да не се склучува договор, а вистинските инвеститори кои планираат сериозни инвестиции од вакви нереални наддавање да не може да добијат земја, вели во интервју за МИА Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што објаснува, се овозможува склучување договор со второрангираниот понудувач доколку избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп или не достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на работата во законски предвидениот рок. Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп и нема да ја достави банкарската гаранција со новото законско решение покрај активирање на гаранцијата за учество ќе биде задолжен да плати и надомест на штета во висина на понудената годишна закупнина. Со тоа, вели Николовски, се очекува да се превенираат можните намерни манипулации при електронското наддавање со цел да се спречи доделувањето на одредено земјоделско земјиште кое е предмет на јавниот оглас.

Со предложеното продолжување на рокот за легализација на земјоделски објекти до јули 2020 година, треба да се овозможи стотина од нив во иднина да бидат соодветно адаптирани за современо земјоделско производство преку модернизација и прилагодување на современите технологии. – Со тоа земјоделците ќе можат да влезат во инвестиции. Сето тоа ќе придонесе за поголема искористеност на европските фондови за подршка во земјоделството бидејќи земјоделците ќе имаат можност да конкурираат за мерките од ИПАРД програмата што нудат кофинансирање за разни видови инвестиции и на тој начин да го модернизираат сопственото производство, наведува Николовски.

Се предлага и да се зголеми површината на земјоделско земјиште во државна сопственост по земјоделско сопанство. Согласно со постоечката законска регулатива едно земјоделско стопанство не може да учествува во постапки за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост доколку веќе има склучено договор за закуп кој најчесто е со површина до три хехтари. Со измените овозможуваме едно земјоделско стопанство да учествува во постапки за доделување на земјоделско земјиште се до обезбедување на фонд од 10 хектари независно од тоа во колку постапки ќе успее тоа да го обезбеди. Очекувањата се дека со оптимална површина, земјоделските стопанства значително ќе го зголемат потенцијалот за исплатливо земјоделско производство и поефтино обезбедување сточна храна.

Плановите на ресорното Министерство се и можност на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти со површина во основа до 500 метри квадратни и максимална висина од осум метри до хоризонтален венец, како и изградба на објекти за спортско рекреативни активности. – На овој начин, ќе се зголемат инвестициите во ваков тип објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам. Воедно, со измените драстично ќе се поедностави постапката и намали времето за добивање одобрение за градење на ваков тип објекти, вели Николовски.

Со измените очекува позитивни резултати во однос на правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп кај вистинските земјоделци и агробизнисмени, што ќе придонесе за зголемување на земјоделските обработливи површини, а со тоа и на производството