10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Чешки „Локо Транс“ ќе гради фабрика во Гази Баба

Чешката компанија „Локо Транс“ од Брно ќе отвори фабрика за шински возила во скопската општина Гази Баба, потврди вчера вицепремеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пренесе 1ТВ.

Нмерата на компанијата да инвестира во земјава веќе е објавена во реномираниот чешки весник „Економиа“.

Се очекува инвестицијата да биде околу 20 милиони евра и во новата фабрика да се вработат 250 лица. Според најавите, во фабриката ќе бидат преземени вработените од велешка „Колска“, а веќе има и голема нарачка од позната железничка компанија.

Компанијата „Локо Транс“ постои од 1990 година.

Спонзорирано: