10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест: Почина момчето кое го удри струја во Скопје

Детето кое доби изгореници од струен удар на 24. овој месец во Скопје, за жал ја загуби битката со животот.

Курир дознава дека момчето кое беше сместено о болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија и беше под контрола на специјалист за детски изгореници, за жал почина.

– „Момчето кое пред неколку денови настрада од струен удар и се здоби со изгореници им подлегна на повредите. Направивме сѐ за да му помогнеме и да го спасиме неговиот живот. Родителите на момчето не сакаат да се користи овој случај во јавност и ја почитуваме нивната одлука“, велат од Министерството за здравство за порталот.

За потсетување, момчето движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобило со изгореници од струен удар.

Спонзорирано: