13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во четири бразилски затвори пронајдени 42 мртви затвореници

Телата на 42 затвореници беа пронајдени во четири затвори во северозападниот дел на Бразил, само еден ден откако 15 лица беа убиени во меѓусебна пресметка, според Агенцијата Бразил.

Двата настани се случија во затворите во Манаус, главниот град на амазонското подрачје.

Според првичните извештаи, на сите жртви пронајдени вчера има видливи знаци на задушување. Неколку тела беа пронајдени и во затворот „Компај”, каде што 15 затвореници беа убиени во неделата.

Во амазонските затвори, нивото на безбедност е зголемено. Неделните конфликти се случија во текот на времето закажано за посети на затворениците, а затворениците меѓусебно се нападнаа со оружје од домашно производство. Специјалната полициска единица беше испратена во затворот Компај, а истрагата за причините за смртта на пронајдените затвореници сè уште е во тек.

Спонзорирано: