10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Макпетрол“: РКЕ не сака да се откаже од акцизата на нафтата во корист на граѓаните

„Макпетрол“ се огласи со став во однос на методологијата на Регулаторната комисија за енергетика, за формирање на највисокото ниво на малопродажни цени на нафтените деривати. Од компанијата велат дека во согласност со нивните пресметки, за наредната недела очекувале цени пониски 0,5 денари за литар кај сите деривати, се вели во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

„Веднаш ја забележавме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период, туку во основа разликите произлегуваат од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ. Да појасниме, во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но, во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати, заокружувањето повторно се пресметува, се додава кај акцизата, но само во позитивен правец.

Се поставува прашањето кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цените? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат? Нам како трговци одговорот ни е јасен. Во овој случај очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјата“, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

Спонзорирано: