4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ги повика јапонските компании да инвестираат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика јапонскиот деловен светда ги зголеми инвестициите во САД, прекорувајќи ја Јапонија поради значајниот суфицит кој го остварува во трговската размена на двете земји, за што преговарачите разговараа во рамки на билатералниот договор.

Трамп со посетата на Јапонија, сака да покаже дека односите меѓу двете земји се силни, иако трговските односи се проблематични.

Токиската кула „Скајтри“, која е највисока зграда во Јапонија, по повод посетата на Трамп, светеше во боите на американското знаме.

Трамп се сретна со директорите на компаниите “Тојота“, „Нисан“, „Хонда“, „Софтбанк“ и „Ракутен“. Тој им порача дека нема подобро време од сега за инвестирање во САД и повтори дека претходната политика спречувала остварување на целосен потенцијал на американскиот економски раст.