21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од фондот на Министерството за одбрана за изградба на ѕидот на јужната граница со Мексико.

Судот смета дека американскиот Конгрес не ѝ дал специфична дозвола на администрацијата за да може парите да ги користи за изградба на ѕидот.

Со одлуката, администрацијата на Трамп нема да може да користи милијарда долари кои се издвоени од фондот на Министерството за одбрана.

„Позицијата во која Конгресот одбива барање на извршната власт, а тогаш таа наоѓа начин да ги потроши парите без одобрение на Конгресот, не е во согласност со основните принципи на поделба на власта кои датираат уште од најраните денови на нашата земја“, се наведува во одлуката на судот.

Одлуката се однесува на два дела од ѕидот, во Њу Мексико со должина од 74 километри и во Аризона со должина од осум километри.

Спонзорирано: