15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Тајмс: Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка

Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската Унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата.

Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, во кој се пратениците на Конзервативната партија и одлучува за прашањата за избор или смена на лидерот на партијата.

Според Би-би-си и Дејли телеграф, многу поддржувачи на премиерката одбија да ја поддржат, откако таа им вети на пратениците дека ќе можат да гласаат за одржување втор референдум за Брегзит, ако го поддржат договорот со ЕУ.Tоа предизвикало вистински шок кај некои министри, и на состанокот на кабинетот за проблемот со Брегзит, таквата можност не била одобрена.

Британската министерка задолжена за односи со парламентот, Андреа Лидсом, изјави синоќа дека поднесува оставка бидејќи повеќе не верува оти владата може да го спроведе брегзитот.

„Со големо жалење и тешко срце одлучив да поднесам оставка“, наведе министерката на „Твитер“.Ова е четврти обид на Тереза Меј да ги добие гласовите за договорот за брегзит. Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Брисел го продолжи крајниот рок до 31 октомври.

Спонзорирано: