15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент. Се избираат 751 пратеник на петгодишен мандат. Секоја земја избира различен број пратеници, приближно во согласност со нејзиното население. Германија избира 96 пратници, Франција 74, Британија 70, а на пример Ирска 11, а Летонија 8 пратеници. Резултатите се очекуваат в недела во 23 часот.

На претходните избори во 2014 година одѕивот беше 40 насто, односно гласаа над 168 милиони луѓе. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај.

На секои пет години од 1979 година, граѓаните на земјите-членки на ЕУ ги избираат своите претставници во Европскиот парламент како единствено тело на ЕУ кое се избира директно на избори.Според проценки на аналитичари и анкети на јавното мислење во ЕУ, се очекува дека актуелните, но и најстарите сили на европскиот десен и лев центар да продолжат да имаат парламентарно мнозинство во новиот парламентарен состав на Европскиот парламент.

Спонзорирано: