12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Боцвана ја укина забраната за ловење слонови

Боцвана ја укина забраната за лов, повикувајќи се на зголемениот број инциденти меѓу слоновите и луѓето во текот на петте години додека забраната беше на сила.

Јужноафриканската нација, која е дом на 130.000 слонови – или околу една третина од населението на континентот – ја воведе забраната во 2014 година за да го спречи нелегалното ловење слонови.

Но, иако слоновите се популарни кај туристите, локалното население се жали дека тие ги оштетуваат нивните посеви и влијаат на приходите за живот.

„Се чини дека бројот на предатори се зголеми, а тие предизвикуваат многу штета бидејќи го убиваат добитокот во голем број“, се вели во изјавата на министерството за животна средина од средата.

Африканскиот слон – кој е класифициран како загрозен вид од страна на Меѓународната унија за заштита на природата – се повеќе доаѓа во контакт со луѓето, бидејќи неговото природно живеалиште се намалува.

Поради тоа, слоновите често ги уништуваат посевите, го убиваат добиток, а понекогаш дури и повредуват луѓе, наведуваат од унијата.

Во јуни минатата година, Боцвана формираше под-комитет на кабинетот за ревизија на забраната за лов. Беа консултирани локалните власти, засегнатите заедници, невладините организации, туристичките оператори и еколози, објави Министерството.

На почетокот на оваа година, министрите во Боцвана предложија укинување на забраната. Но, еколозите предупредуваат дека слоновите би можеле да исчезнат доколку не бидат заштитени.

Спонзорирано: