11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Неконтролираните градби се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид

По хаосот што го остави зад себе и последиците што ги предизвика во Охридскиот Регион, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува, денес се постапува по препораките на УНЕСКО, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ го уништил Охрид и му го загрозил статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците во Охридскиот Регион. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот Регион по 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културното наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата. Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското Езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид – заштитеното подрачје од УНЕСКО“, велат од СДСМ.

Денес, додаваат од партијата, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.

„Предлогот на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство, е мотив плус за интезивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство. Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО за Охрид и Oхридскиот Регион со цел зачувување и заштита на нашето уникатното природно и културно богатство“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: