23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски распиша вонредни парламентарни избори во Украина

Новиот украински претседател, Володимир Зеленски, денеска, еден ден по инаугурацијата, распиша предвремени парламентарни избори за 21 јули.

Указот за распишување на изборите е објавен на интернет-страницата на претседателството, а со тоа и официјално е распуштен парламентот.

„Со овој документ се стопираат овластувањата на парламентот и се распишуваат предвремени парламентарни избори за 21 јули“, се наведува во указот.

Зеленски вчера положи заклетва со ветување дека ќе ја прекине војната со сепаратистите поддржани од Русија и ќе го распушти парламентот, чии членови ги опиша како група која е заинтересирана само за лично богатење.

Спонзорирано: