9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД привремено ја укина забраната за Хуавеј за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ј стави компанијата Хуавеј на ,,црна листа” за тргување со американските компании, американското Министерство за трговија на САД донесе нова одлука со која се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со Хуавеј во следните три месеци во обид да ограничат последици од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема.

Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани продажба на технологии од кинескиот Хуавеј.Привремената дозвола ќе трае до 19 август.

Од 16 мај стапи на сила наредбата на американската администрација со која кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис се става на т.н. црна листа во САД.

Спонзорирано: