19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТИЗБОР

Руските служби предупредуваат дека повеќе од 5.000 терористи се на границата со ЗНД

Разгранок на терористичката организација ДАЕШ – „Вилајат Хорасан“ испрати околу 5.000 терористи во северните делови на Авганистан, кои се граничат со земјите од Комонвелтот на независни држави (ЗНД), предупреди директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников. Според податоците на руската ФСБ, многумина од нив биле на боиштата во Сирија.

„Особено загрижувачки е повторното активирање на терористичките групи во северните провинции на Авганистан“, рече Бортников на состанокот на Советот на раководителите на органите за безбедност и специјалните служби на Заедницата на независни држави (ЗНД) одржан во Душанбе.

Тој исто така истакна дека постои растечки тренд во создавањето нови терористички упоришта во Северна Африка и Азија.

Спонзорирано: