9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Китанов: Некогаш со непосредна спогодба, сега на отворен тендер преку ЕБОР

Новиот автопат Миладиновци – Штип е претплатен двојно, тројно па и четирикратно повеќе за одредени ставки кои носат и најмногу пари при изградбата вели за Канал 5, Зоран Китанов првиот човек на јавното претпријатие државни патишта споредувајќи ги истите ставки од истиот изведувач кинескиот Синохидро кој пред неколку месеци, но овој пат на тендер од Ебор доби да го гради експресниот пат Кочани – Крупиште, кој ќе биде со речиси идентичен квалитет со автопатот.

Кинезите ќе го градот експресниот пат долг 13,7 килиметри за 18,2 милиони евра, или 1,3 милиони евра за километар.