21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудискиот товарен брод се укотви во пристаниште во Италија и покрај протестот

Еден товарен брод на Саудиска Арабија, кој наводно пренесува оружје што може да се користи во конфликтот во Јемен, се укотви во италијанското пристаниште Џенова, иако пристанишните работници протестираа.

Според планот, бродот под саудиското знаме треба да добие дополнителен товар во италијанското пристаниште, а потоа ќе се упати кон саудиското пристаниште Џаде.

Пристанишните работници протестираа и носеа транспаренти „Стоп за трговијата со оружје, војна на војната”.

Во тек се разговори помеѓу синдикатите на работниците и претставниците на пристаништата во врска со товарот што треба да биде префрлен на товарниот брод.

Спонзорирано: