17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Порано или подоцна ќе добиеме авиони Ф-35, а купувањето на рускиот С-400 е завршена работа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека купувањето на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 е завршена работа, како и дека Анкара порано или подоцна ќе успее да добие американски борбени авиони Ф-35, за кои САД тврдат не се компатибилни со руските ракетни системи.

Ердоган изјавил и дека Анкара, заедно со Москва, ќе произведува системи за одбрана С-500.

САД во неколку наврати ја предупредија Турција дека нејзиното планирано купување на системот С-400 е многу проблематично и дека поради некомпатибилноста на руските ракетни системи со авионите Ф-35, тоа би можело да го загрози партнерството на Анкара во програмата за производство и испорака на Ф-35 модели од американскиот „Локид Мартин“.

Сепак, Ердоган во телевизиско обраќање изјави дека Турција направила технички модификации и дека пречка за некомпатибилност меѓу ракетниот систем С-400 и борбените авиони Ф-35 не постои.

„Порано или подоцна ќе ги добиеме авионите Ф-35. Нема опција Американците да не ни ги испорачаат“, рече турскиот претседател.

Спонзорирано: