Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трамп претстави план што ги фаворизира талентираните и интелигентните имигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп го претстави денеска својот имиграционен план кој преедвидува фаворизирање на талентираните и интелигентните имигранти со изразени вештини и знаења.

Избегнувајќи ја острата реторика против илегалните мигранти, којашто претходно ја користеше, Трамп изјави дека сака да им овозможи на најбрилијантните луѓе да живеат во САД преку систем кој ги наградува талентираните и паметните луѓе.

Тој рече дека постоечките имиграциони закони во САД ги дискриминираат генијалците и исклучителните луѓе, бидејќи најголем дел од дозволите за живеење во САД им се даваат на нискоквалификувани лица со ниски примиња.

Планот кој го претстави рече дека се заснова на заслугите и предвидува посебен третман за високо квалификувание работници.

Според планот на Трамп, САД би требале во иднина да доделуваат ист број на „зелени картони“ како сега, но значително би пораснал бројот на исклучителни студенти, професионалци и високо образовани луѓе. Според планот, во предвид ќе се земат и факторите како што се годините, познавањето на англиски јазик и понудите за работа.

На основа на заслуги би биле доделени 57 проценти од „зелените картони“, за разлика од сегашните 12 отсто.

Изгледите планот на Трамп да биде усвоен од страна на Когресот се неизвесни.

Во тренд…