11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Разбиена сајбер-мрежа која украла 100 милиони долари

Полицијата во шест земји разби криминална сајбер-мрежа која користела вирус за кражба на пари, со што оштетила фирми и финансиски институции за 100 милиони долари, соопшти Европската агенција за спроведување закони – Европол.

Мрежата GozNym влегла во компјутерите на над 41 илјада жртви перејќи пари преку сметките што ги имаат нивни членови во САД и во други земји.

Американската голема порота обвини 10 члена на оваа мрежа за заговор со цел крадење депозити и онлајн-банкарски информации, како што се лозинките. Обвинетите наводно ги рекламирале своите специјализирани технички вештини и услуги на нелегален интернет-форум на руски јазик.

„Мрежата GozNym е пример за концептот на компјутерски криминал како сервис… нудејќи мрежа за посредување во илегален трансфер на пари, криптирање, спамирање, кодирање, организирање и техничка поддршка“, се наведува во соопштението на Европол.

Полициската операција против оваа мрежа, координирана од Германија, почна во ноември 2016 година во Украина. Во Грузија се водат кривични постапки во кои ќе им се суди на водачите на оваа мрежа, чии имиња не се обелоденуваат, исто како и во Молдавија.

Петмина руски државјани, кои се наоѓаат во американска потерница, засега не се достапни за органите на прогонот.

Спонзорирано: