14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

„Пуштете ја снимката уште еднаш за да си го видам детето“:Родителите го гледаа видеото од кобната несреќа во Ниш

„Пуштете ја снимката уште еднаш за да си го видам детето живо“ рекол денес во судницата еден од родителите непосредно пред пуштање на снимката на која се гледа дека возачот на автобусот „Ниш експрес“ не застанал пред знакот „стоп“, ниту пак погледнал лево или десно.

Утрото на 21 декември во 7 и 45 наутро, седум лица загинаа, од кои три деца, во несреќа со воз и автобус во Ниш.

Видео материјалот кој денес бил објавен на распитот покажува дека возачот во текот на возењето се однесувал нееодговорно.Наплаќал билети, разговарал на телефон и со раката се обидувал да досегне нешто над него, се додека не дожол до пругата каде не застанал.

На снимката можело да се види момнтот на ударот со возот, но сепак не е се баш јасно.Машиновозачот рекол дека не можел да го види автобусот од столбовите кои биле покрај пругата, додека пак соопштено е дека авобусот ја преминувал пругата со брзина од 8 до 10 километри на час , а возот со 66 километри на час.

– Ние се движевме нормално, но кога се приближувавме кон преминот, возачот невообичаено гледаше на таблата. Тој забави, но не погледна во друга насока. На дваесетина метри го видов возот што тргна кон нас и викав “воз, воз, доаѓа воз”. И други викаа, но беше предоцна. Јас бев исфрлен од прозорецот на отворено. Лежев 20 минути, бидејќи мислевме дека ми е скршена половината – рекол сведокот Станојевиќ.

Спонзорирано: