11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел уништил 10.000 документи и книги за палестинската историја

За време на израелските воздушни напади врз Газа во почетокот на мај, беше бомбардиран и еден од најважните културни центри во кои се чуваат важни документи за палестинската историја и притоа уништени повеќе од 10.000 значајни документи и книги.

Генералниот директор на центарот, Нахид Зекут, вели дека станува збор за еден национален центар за истражување, кој организирал голем број научни конференции и семинари за палестинските бегалци. Зекут потсетува дека овој центар чувал и значајна литература за палестинската и арапската историја.

„Со бомбардирањето на овој центар Израел уништи повеќе од 10.000 книги, документи и други архивски материјали вклучувајќи и многу ретки примероци на одредени документи. Ние веруваме дека нападот на центарот е напад врз палестинската култура“, вели Зекут.

Центарот за истражување и документација Abdullah al-Hurani, кој се наоѓал во областа Ер-Римал во Газа, на 4 мај беше срамнет до земја. Центарот 22 години работели на документирање податоци за палестинската историја и култура.

Спонзорирано: