9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ја отфрли можноста за дијалог со САД

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, ја отфрли секоја можност за преговори со САД, кои би можеле да доведат до смирување на тензиите во Заливот, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.

„Нема можности за преговори“, изјави Зариф, кој престојува во Токио, на прашањето на новинарите дали е подготвен да почне билатерални разговори со Вашингтон за да се смират тензиите.

Напнатоста во регионот порасна нагло последниве недели откако почнаа да имаат ефекти американските санкции против Иран, кои беа воведени по повлекувањето на земјата од нуклеарниот договор во 2015 година.

Трамп негира дека подготвува 120.000 војници за Блискиот Исток.

Спонзорирано: