3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора очекува убедлива поддршка на патот кон ЕУ

Црна Гора очекува дека годинава ќе добие поддршка за отворање на последното преговарачко поглавје, со што би се поврдило дека политиката за проширување е жива, Западен Балкан има јасна европска перспектива и ЕУ сака да биде дел од неа, истакна во Виена потпретседателот на црногорската влада за економска политика и финансиски систем, Милутин Симовиќ.

На состанокот за развој на бизнисот во југоисточна Европа, Симовиќ нагласи дека по отворањето на поглавјето 8, Црна Гора сака максимално да се фокусира на суштината, осносно на затворање на поглавјата, јави „Танјуг“.