13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД наредија укинување на летовите со Венецуела

Министерството за транспорт на САД во средата нареди укинување на сите комерцијални патнички и товарни летови помеѓу САД и Венецуела, наведувајќи ги извештаите за немири и насилство околу аеродромите во јужноамериканската земја.

Во писмото на Министерството за транспорт во кое се бара прекинот на летовите, Министерството за домашна безбедност наведува дека условите во Венецуела претставуваат закана за безбедноста и сигурноста на патниците, авионите и екипажот што патуваат во или од таа земја.

Многу меѓународни авиокомпании престанаа да летаат во Венецуела поради загриженост за безбедноста и споровите околу парите за кои тие тврдат дека владата на Венецуела им ги должи.

Оваа мерка ќе влијае на група мали венецуелски авиопревозници, вклучувајќи ја и авиокомпанијата „Авиор ерлајнс“, која нуди летови до Мајами.

„Американ ерлајнс“, која претходно беше најголемиот авиопревозник што обезбедуваше летови меѓу САД и Венецуела, во март соопшти дека ги укинува летовите до Венецуела на неодредено време.

Во април, американската Федерална администрација за воздухопловство им забрани на американските авиокомпании да летаат на висина под 8.000 метри во воздушниот простор на Венецуела.

Спонзорирано: