18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Повеќе од 2.000 граѓани на Донбас поднеле барање за руски пасош

Повеќе од 2.000 граѓани на самопрогласените републики Донецк и Луганск поднеле барање за издавање пасош на Руската Федерација, соопшти прес-службата ма Министерството за внатрешни работи на Донецката Народна Република, пренесува ТАСС.

Приемот на барањата за издавање руски пасоши по забрзана и поедноставена постапка почна на 3 мај во Донецк, а од 7 мај граѓаните можат да поднесуваат барања во уште 32 одделенија на МВР во самопрогласените републики.

„До денес се предадени вкупно 2.107 барања за издавање руски пасош“, се прецизира во соопштението.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин на 24 април потпиша указ со којсе поедноставува процедурат за издавање руско државјанство за граѓаните на Донбас.

Спонзорирано: