Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Поголемиот дел од парите за обнова на Нотр Дам сè уште не е уплатен

Поголемиот дел од парите што беа ветени од донатори за обнова на катедралата Нотр Дам допрва треба да биде уплатен, изјавил парискиот надбискуп Мишел Опети.

Тој исто така рекол дека износот од милијарда евра што се споменува во медиумите не ја ветила ниту една фондација или, пак, администрација.

Катедралата Нотр Дам беше оштетена во пожарот што избувна на 15 април. Луѓе од целиот свет и милијардери ветија дека ќе дадат најмалку 750 милиони евра за нејзината обнова.

Според Опети, од пристигнатите 13,5 милиони евра, 9,5 милиони евра дошле од 43.000 донатори од Франција и странство, меѓу кои 7.000 Американци.

Преостанатите четири милиони дошле од поголеми донатори.