6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Единаесет лица спасени откако се сруши зграда во Кина

Спасувачките служби извлекоа 11 преживеани лица од урнатините на зграда во кинескиот финансиски центар Шангај во четвртокот, а се верува дека уште толку се заглавени под нив.

Зградата во провинцијата Шангнинг во Шангај беше во фаза на реновирање кога се урна во доцните утрински часови, затрупувајќи околу 20 лица, соопштија пожарникарите.

Над 150 спасувачи се на местото на настанот, а до рано попладне тие успеаја да извадат 11 преживеани, додадоа пожарникарите.

Засега не се знае зошто зградата се срушила.

Спонзорирано: