7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Двегодишно дете почина на границата САД-Мексико

Двегодишно дете од Гватемала почина по преминот на американско-мексичката граница и задржување од страна на граничната патрола на САД, соопштија властите од Гватемала.

Се работи за четврто малолетно лице кое од декември починало по задржување на граничната патрола.

Конзулот на Гватемала во Дел Риу, Теканди Паниагва, објасни дека момчето и неговите родители на почетокот на април влегле во градот Ел Пасо на границата на САД со Тексас.

Тој наведе дека момчето било одведено во болница, каде поради дијагностицирање на воспаление на белите дробови останало еден месец, но починало во вторникот.

Заштитниците за правата на мигрантите, долго ги поставуваат прашањето за способноста на граничната патрола да се грижи за илјада приведени деца и нивните родители, нагласува новинската агенција.

Спонзорирано: