21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Анестезиолог обвинет за труење на повеќе од 50 пациенти, сакал да ги „спаси“ и да биде херој

Анестезиологот Фредерик Пешие, лекар од Франција е уапсен под сомнение дека отрул повеќе од 50 пациенти, така што кога ќе им се слошело настапувал тој во последен момент, за да ги спаси и да предизвика восхит кај неговите колеги.

Анестезиологот е приведен поради, како што се вели во обвинението, 42 сериозни случаи, кои вклучуваат 20 смртни случаи кои се случиле за време на неговото 17-годишно работење во клиниките и болниците во Безансон, источна Франција.

Пешие во анестезијата што ја користеле неговите колеги додавал нешто што не смее, за да се „појави во последен момент и да го спаси пациентот на умирање”, тврдат обвинителите и истакнуваат дека тоа го правел затоа што сакал колегите да го почитуваат и да му се восхитуваат, а жртвите да го обожаваат.

Неговата опасна игра вроди со плод. Многу колеги го сметаа за брилијантен анестезиолог.

„Ако се покаже дека обвинувањата се точни, тој ќе биде најголемиот сериски убиец во историјата на Франција“, рече Бе Меран, адвокатката која застапува неколку жртви.

Спонзорирано: