12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Албанската опозиција за 25 мај најави голем протест против Рама нарекувајќи го балкански Мадуро

Обединетата албанска опозиција одлучи следниот голем протест да го одржи на 25 мај, а иатиот ќе биде насочен, како што велат од таму, против властите и балканскиот Мадуро, како што го нарекуваат актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама.

За време на состанокот на претседателството на најголемата опозициска албанска партија – Демократската партија, на кој присуствуваа лидерите на обединетата опозиција, беше донесена одлука следниот национален протест да се одржи на 25 мај во 19 часот.

Најавувајќи го протестот, лидерот на демократите, Љуљзим Баша, рече дека продолжуваат со конфронтација, без повлекување, со слугите на владеачката криминална хунта.

„Највисокиот форум на Демократската партија, заедно со коалициските партнери, спроведе анализа на тешката состојба на државен удар во кој се наоѓа земјата. Цела Албанија и светот сфатија дека Еди Рама е во паника од резултатите на истражните постапки во кои е директно вмешан. Едногласната одлука на опозицијата претставува фронтална конфронтација во сите форми. Од овој момент ќе бидеме секојдневно и секоја минута заедно со граѓаните, соочени без повлекување, со војниците и слугите на владеачката криминална хунта, сé додека повторно не разговараме за враќање на демократијата“, изјави Баша по состанокот.

Спонзорирано: