20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во Јадранско Море се појави отровна медуза

Во населбата Бетина во Хрватска e забележана таканаречената компас медуза за која експертите предупредуваат дека не треба да се допре воопшто бидејќи допирот на ова животно може да предизвика печење и тешки изгореници.

Компас медузата (Crysaora hysoscella) е вид кој живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море, а исто така се појавува во близина на брегот на Велика Британија, Ирска и Турција.

За оваа медуза е карактеристично што наликува на компас и може да порасне до 30 сантиметри во дијаметар, а пипалата до еден метар должина.

Овој тип медуза има 24 пипала поделени во три групи од по осум, и тие се движат главно со помош на морски струи, според Klix.ba .

Се претпоставува дека компас медузата најчесто умира пред да наврши една година.

Тие се хранат со зоопланктони, а природни непријатели им се морските желки и некои видови риби.

Спонзорирано: