21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Три момчиња под истрага за разбојништво маскирани нападнале жена и ѝ се заканувале со нож

Три момчиња под истрага за разбојништво маскирани нападнале жена и ѝ се заканувале со нож. Отворена е истрага против три лица за разбојништво во селото Рибарци.

Скопје, 15 мај 2019 – Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле внатре. Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје, нож во должина од околу 30 см, ѝ се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожена чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.

Спонзорирано: