Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Спасителите трагаат по шестгодишно дете кое исчезна во поплавите во Босна

Продолжува потрагата по шестгодишното дете кое вчера исчезна во надојдената вода при поплавите коишто ја зафатија Босна и Херцеговина. Вчера попладне спасителите детално го пребарале коритото на надојдената река Мрачајска, по што почнала потрагата и во реката Босна. Во текот на ноќта било отежнато пребарувањето поради слабата видливост.

Шестгодишниот Ибрахим Мешелевиќ вчера возејќи велосипед паднал во надојдениот поток. По него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала.Таа е извлечена од водата и пренесена во болница, а по момчето се трага.

Роднина на малиот Ибрахим вели дека е можно телото да завршило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Пронајдени се само тренерката и велосипедот на детето.