7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Фрлена боја врз резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина

Членовите на грчката анархистичка група „Рубикон” рано утринава фрлија боја врз резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина, а потоа избегаа на мотоцикли, објави „Катимерини“.

Американскиот амбасадор во Грција, Џофри Пајат, го осуди нападот врз неговиот дом во Атина.

На својот твитер-профил тој го карактеризира нападот како „детски вандализам” и истакна дека ќе соработува со грчките власти за да се казнат сторителите.
Амбасадорот исто така рече дека „уништувањето на имотот не е мирен протест”.

Грчкото Министерство за надворешни работи, исто така, го осуди нападот, велејќи дека тоа е „неприфатливо и неодговорно дело што нема да им наштети на пријателството и пошироката соработка меѓу нашите две земји”.

Анархистичките и ултралевичарските групи често вршат вандалистички напади врз домовите или канцелариите на дипломатите и политичарите во Атина, при што обично фрлаат боја.

Спонзорирано: