Секогаш во средиштето на збиднувањата...

„Амнести интернешнал“ побара од судот во Хаг да се испитаат можните злосторства во Венецуела

Меѓународната невладина организација „Амнести интернешнал“ го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ги испита можните злосторства против човештвото во Венецуела за време на протестите на опозицијата, предводена од Хуан Гваидо.

„Амнести интернешенел“ ги осудува „селективните вонсудски” егзекуции, произволни апсења и смртните случаи предизвикани од прекумерна употреба на сила на припадниците на силите за безбедност за време на протестите.

„Во Венецуела постои систематска репресија на опозицијата, или за оние кои се сметаат за опозиција само затоа што протестираат. Владата на претседателот Николас Мадуро поради тоа треба да се одговора пред меѓународен суд”, се вели во извештајот на АИ кој беше презентиран во Мексико.

Организација со седиште во Лондон наведува дека најмалку 47 лица загинале за време на протестите од 21 до 25 јануари годинава. АИ додава дека повеќе од 900 лица се притворени во истиот период. Покрај политичката криза, Венецуела се соочува со тешка економска ситуација со висока инфлација и сиромаштија.