12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
МЕТЕОCENTARСВЕТТОП ВЕСТИ

Вонредна состојба во Бања Лука, наставата во прекин

Градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојичиќ доцна синоќа прогласи вонредна состојба во дел на градот, во населбите долж водотекот Врбање и по течението на реката до Врбас.

Утринава ситуацијата е подобра, во однос на падот на водотеците и повлекувањето на водите во областите каде што имаше поплави по вчерашното невреме. Како една од превентивните мерки кои се преземаат во Бања Лука, денеска училиштата и детските градинки не работат.

Во текот на минатата ноќ, беа ангажирани комплетниот состав на цивилната заштита и сета расположлива техничка опрема за да се одбранат критичните точки на водотеците, а најголемо пробив на водата беше во областа покрај водотеците во Чешми и Лазарево.Во овие населби беа поплавени повеќе куќи.

Обилните дождови вчера предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука дојде до излевање на едно вештачко езеро.

Спонзорирано: