Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Путин бара забрзување на развојот на одбранбените системи против хиперсонично оружје

Русија треба да развие системи за одбрана од хиперсонично оружје пред ваквото оружје да се развие во други земји, рече во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.

„Свесни сме дека досега никој освен нас нема такво оружје, но исто така сме свесни дека порано или подоцна водечките земји во светот ќе развијат такво оружје”, рече тој на состанокот на владата за развојот на рускиот одбранбен сектор .

„Ќе биде подобро за нас ако го сторат тоа подоцна. А што значи подоцна за нив? Тоа значи дека мора да развиеме средства за да се заштитиме од хиперсоничното оружје пред тоа да биде ставено на борбена готовност во армиите што ги споменав “, истакна Путин.

Според рускиот лидер, анализата на денешните вооружени конфликти докажува дека развојот на напредни системи за противракетна одбрана е меѓу клучните приоритети на руските воздухопловни одбранбени сили.

„Мораме да продолжиме да ги опремуваме воздухопловните сили со најнапредните системи за противракетна одбрана, вклучувајќи ги и системите со голем дострел С-400 и системи со краток дострел. Една од клучните задачи е да се зголеми контролата врз воздушниот простор”, додаде тој.