23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Нема барање од САД за состанок на Путин и Трамп во Осака

Вашингтон сè уште не ѝ се обратил на Москва со иницијатива за организирање билатерална средба меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, на маргините од самитот на Г20 во Осака кон крајот на јуни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Досега немаше иницијатива од Вашингтон”, рече Песков, коментирајќи ја изјавата на Трамп за неговите планови да се состане со Путин во Јапонија.

Според „Ројтерс“, Трамп изјавил дека планира да одржи состаноци со Путин и со кинескиот претседател Шји Џјинпинг на маргините на самитот во Осака закажан за 28-29 јуни.

Претходно, рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков исто така рече дека Москва не добила барање од Вашингтон за организирање состанок помеѓу двата претседатели.

Единствените разговори во полн формат меѓу Путин и Трамп се одржаа во јули 2018 година во Хелсинки. Двата лидера имаа голем број состаноци на маргините на меѓународните настани од висок профил, но не успеаја да договорат датум за нови разговори.

Тие требаше да се состанат на крајот од ноември или на почетокот на декември 2018 година, на самитот на Г20 во Буенос Аирес, но состанокот беше откажан од Трамп по инцидентот со украинските бродови во теснецот Керч.

На 3 мај, Путин и Трамп имале 90-минутен телефонски разговор.

Спонзорирано: