12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најлошото од невремето во Загреб допрва следува, предупредуваат метеоролозите

Невремето со оркански удари, кое синоќа и утрово го погоди главниот град на Хрватска, и натаму не го достигнало својот максимум, а метеоролозите прогнозираат дека најлошото допрва следува.

Како резултат на тоа, откажани се бројни манифестации, па дури и погреби.

Според прогнозите, во вечерните часови се очекуваат ветришта кои ќе бидат за пет до десет километри на час посилни од оние кои дуваа утрово.

Во бурното невреме, полесно повредени се и двајца пешаци.

„Да, најсилен интензитет очекуваме вечерва. Ударите на ветрот ќе бидат околу пет до десет километри на час посилни од утрово“, изјавил метеорологот Кристијан Божаров за „Јутарни лист“, додавајќи дека ветерот ќе престане дури во среда.

Спонзорирано: