5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц: ЕУ да престане да наметнува правила

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, две недели пред изборите за Европскиот парламент предизвика реакции со најавата дека сака да поништи дури 1 000 правила на ЕУ.

Тој во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“ рекол дека е доста од лудилото на регулација на ЕУ, како и дека е доста со наметнување правила од Брисел.

Австрискиот канцелар минатата недела беше многу строг и ја критикуваше одлуката на турските власти за анулирање на локалните избори во Истанбул. Тој рече дека оној што не ги прифаќа демократските избори нема што да бара во ЕУ. Курц побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција, но исто така истакна дека е неопходно Унијата чесно да се однесува кон Турција, која веќе со години со сè поголеми чекори се оддалечува од ЕУ.

Спонзорирано: