13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Маж во Англија ја избол сопругата 60 пати, па со синовите се фрлил од карпа

Според резултатите од истрагата, маж од Англија првин го издрогирал своето семејство, ја избол до смрт својата сопруга, па се фрлил од карпа заедно со двајцата синови, јави Би-би-си.

Лаура Сесилија Наварете де Фигуера (47) била пронајдена на 5 март минатата година мртва во својата семејна куќа во Твикенхам.

Истиот ден, нејзиниот сопруг, Аделино Габриел Фигуера де Фарија, и нивните деца, Клаудио (10) и Јоакин (7), биле пронајдени мртви во подножјето на карпата.

Сопругата починала од 60 убодни рани. Не е познато дали децата само скокнале или биле турнати од карпата висока 60 метри.

Спонзорирано: