21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран: Американските санкции на иранските метали се против меѓународните норми

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, рече дека санкциите на САД на иранските метали се против меѓународните норми, пренесува „Спутник“.

„Оваа американска мерка е против меѓународните заложби на овој режим. Таа е против меѓународните норми. САД ќе бидат одговорни за предизвиканите загуби”, рече Мусави цитиран од иранската новинската агенција ИСНА.

Во средата, САД воведоа нови санкции за Иран кои се однесуваат на железо, челик, алуминиум и бакар. Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека Вашингтон ги предупредува другите нации да не увезуваат ирански метали.

Спонзорирано: