4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Франциско: Да го следиме патот на Мајка Тереза, патот на братството и милосрдието

Светата литургија на плоштадот Македонија ја следат илјадници верници од сите страни на светот, Италија, Шпанија, Хрватска, Албанија, САД, Кина од римокатоличката црква. Пред нив, се обрати неговата светост папата Франциско, кој беше пречекан со емоции и поздравување. Тој во молитвата упати пораки да го следат исусовиот пат кој ќе им донесе благосостојба, мир и поврзување, наспроти осаменоста, која го го затворила луѓето во една виртуелна реалност.

„Научени сме да јадеме од тврдиот леб на дезинформацијата. Завршивме како затвореници на конформизмот, рамнодушноста и бесчуствителоста, се заситивме со поврзување и го загубивме вкусот на братството. Станавме затвореници на виртуелноста, не го чувствуваме вкусот на реланоста. Гладни сме господе, за лебот на твоето слово, кое ќе ги отвори нашите затворености и осамености. Клеветењето, дискредитираноста, нема да ги наполнат нашите маси. Гладни сме да го отвориме срцето и да го отвориме срцето за твоите патишта. Твоето милосрдие е способно да ги скрши стереотипите. Да сочувствуваме со оние кои се заборавени и понижени“, рече неговата светост папа Франциско.

Во обраќањето пред вернците папата порача да се следи и делото на светата Мајка Тереза, како пример за братството, милосрдието и сочувството меѓу луѓето.

„Глад за леб, за братство, за бог. Сето ова го познаваше Мајка Тереза. Во неа беше Исус присутен во евхаристијата и сиромаштијата и братството, овие два столба го одбележаа тој пат. Таа одеше со господ и стигна кај понижениот, самиот, и заборавениот брат. Знаеше дека љубовта кон господ постои и кај најмалиот, осамениот, токму таа љубов е доволна да го засити гладниот“, рече папата Франциско.

Пред почетокот на мисата, при што сите беа повикани будно и со вера да учествуваат на светата аристија, а притоа да се избегнува подигање на било какви транспаренти, знамиња и слични облежја. Верниците воедно беа повикани да се причестат, со напомена дека првин треба да поминат на светата исповест.