14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Силно ја поддржувам работата на СЈО, оваа институција треба да продолжи со работа

Специјалното јавно обвинителство веќе работи од 2015 година. Има огромен напредок во делот на првосудството. Но сега ние мака мачиме со партијата што ја поддржува Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ да обезбедиме да продолжи да работи оваа независна институција. Тие сакаат да не продолжи работата на СЈО, рече Пендаровски во денешното тв соочување на Канал 5 телевизија.

Пендаровски рече дека СЈО со својата работа и резултат заслужило силна поддржка и рече дека стои зад концептот СЈО да продолжи да функционира. Напредокот во правосудството е констатиран од ЕК и од комесарот Хан додаде Пендаровски.

„Имаме значаен напредок и во разузнавачките служби и во делот на правосудството. Во делот на правдата се направени огромни исчекори. Треба секој да направи се СЈО да продолжи да работи и да ги гони сите што ќе се огрешат од законите“ рече Пендаровски.

Спонзорирано: