21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“.

Ким ја напушти Русија четири часа порано од предвиденото.

Лидерот на Северна Кореја го испратија рускиот министер за развој на Далечен Исток и на Артикот, Александар Козлов, заменик министерот за надворешни работи Игор Моргулов, амбасадорот на Русија во Северна Кореја, Александар Мацегора и гувернерот на Приморскиот регион Олег Кожемјако.

Ким во присуство на руските претставници положи цвеќе оддавајќи им почит на руските војници кои загинале на Пацификот.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека првата средба на Ким со претседателот на Русија, Владимир Путин била импресивена и поминала во пријателска атмосфера. Ким на средбата со Путин изјави дека мирот и безбедноста на Корејски Полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД.

„Ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД“, наведе Ким.

Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата.

Спонзорирано: